scroll down
The position on the market is maintained with monitoring the new developments in technology, investing in new technology from top world manufacturers such as Heidelberg, Muller Martini, RileCart, Kodak…
Подготовките (фајловите) на компјутер можат да бидат во RGB или во CMYK. Ако во подготовката има објекти кои се во RGB, во процесот на подготовка за печатање (prepress) автоматски (софтверски) ќе бидат претворени во CMYK. Како резултат често пати се случува боите кои ќе се добијат при печатењето да не се исти со тие кои ги гледате на монитор. Затоа најдобро е во самата подготовка (фајл) претходно сите објекти да бидат претворени во CMYK. Кога се работи за специфични бои во компјутерска подготовка можете да ги користите и пантон боите (Pantone solid coated). Најдобро е овие бои да ги одберете од печатена Пантоне скала.
За печатење, потребно е објектите кои не се во векторска форма да бидат со резолуција од 300 точки на инч (dpi). Покрај резолуцијата треба да се внимава и на компресијата (LZW, ZIP, JPG и др.) со која се снимени фајловите (фотографиите). Некои видови на компресија како JPG на пример при снимањето го компресираат фајлот за да зафаќа помалку простор на дискот а при тоа го намалуваат и квалитетот на самиот фајл (фотографија). Се случува фотографии кои и покрај тоа што се во 300dpi да не бидат добро испечатени само затоа што се премногу компресирани. Затоа за печатење не треба да се користат мали фотографии снимени од интернет.
Тешко е да се печати точно на самиот раб од хартијата а при тоа да не се појават тенки бели површини по рабовите на финалниот производ. За да се избегне ова, потребно е да се печати малку поголема површина отколку што е потребно, а потоа да се исече (намали) на потребната големина. Во печатница, обрез (bleed) е печатот кој поминува надвор од потребната финална димензија и потребно е тој да биде 3мм (со исклучок на специфични, посебни производи). Во компјутерската подготовка најдобро е да има дефиниран обрез (bleed) а да нема обрезни цајтни (crop marks).
Компјутерската подготовка треба да биде во PDF/x-3:2003 формат. Откако ќе го направите PDF фајлот треба да се провери дали е се како што е и во изворниот програм. Кога се работи за материјали кои што имаат дополнителни доработки, штанцање, прегување, злато или сребро тисок најдобро е фајлот да биде во Adobe Illustrator (*.Ai) формат. Треба да се внимава фонтовите да бидат претворени во криви, сите екстерно линкувани фајлови да бидат внесени (embedded) во Adobe Illustrator фајлот, елементите за доработка како штанца, прег (emboss), злато или сребро тисок да бидат издвоени како посебни векторски објекти (Pantone color, overprint fill and/or stroke).
Топол печат со фолија (златотисок, сребро, бела, црна и многу други бои)
Прегување
Штанцање
Тврд повез
Пластифицирање
Спирали
Хевтање
Биндер
Лепење кутии
Каширање